Соопштение од 252-та седница на Судски буџетски совет - 08.07.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 252-та седница на Судски буџетски совет - 08.07.2025 година
Соопштенија за јавност
|
08.7.2025
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 252-та седница одржана на ден 08.07.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Заклучок СБС да го достави Буџетскиот циркулар со пропратните документи до единките корисници кои имаат обврска да ги достават своите предлог буџетски барања за 2026 година најдоцна до 04 август;
- Разгледа Барања од единките корисници на судската власт за вработувања на определено време во 2025 година, по што членовите на Советот зазедоа став да се почека донесувањето на Ребалансот на Буџетот за 2025 година, по што ќе се утврди дали ќе бидат обезбедени доволно средства за вработувања на определено време.