Соопштение од 531-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 19.11.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 531-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 19.11.2025 година

Njoftim për opinionin  |  19 Nën 2025
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 531- седница одржана на ден 19.11.2025 година :

 

1.Константираше дека Советот продолжува со работа во постапките кои за време на локалните избори 2025 година беа ставени во мирување

2.Го констатира продолжувањето на судиската функција врз основа на поднесени изјави за продолжување со вршење на судиската функција на:

Шпенд Деваја, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Владимир Стојановски,судија на Врховен судна Република СевернаМакедонија

Гордана Ролевска Ќупева, судија на Основен граѓански суд Скопје

Виолета Арнаудовска судија на Основен граѓански суд Скопје

Весна Богдановска, судија на Основен граѓански суд Скопје

Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје

Снежана Богдановска, судија на Основен граѓански суд Скопје

Љубинка Башеска, судија на Основен кривичен суд Скопје

Виолета Мојсова, судија на Основен суд Велес

Биљана Јачева, судија на Основен суд Велес

Дамјан Илоски, судија на Основен суд Дебар

Лоза Илиевска, судија на Основен суд Крива Паланка

Танче Петрески, судија на Основен суд Струга

Олгица Павловска, судија на Основен суд Штип

3.Одлучуваше по барање на судија на Основен граѓански суд Скопје за мирување на судиската функција

4.Го разгледа и усвои Извештајот на Комисијата за навременост и комплетност на документите по огласот за избор на претседател на Основен суд во Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Радовиш

  • Донесе одлука за повторно огласување на избор на претседател на Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Радовиш

  • Формира Комисија за проверка на исполнетоста на условите и критериумите за избор на претседател на Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Радовиш во состав: Џенета Бектовиќ-претседател на Комисијата, Исамедин Лимани и м-р Тања Чачарова-Илиевска-членови на Комисијата

5.Донесе одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Управен суд

  • Формира Комисија за проверка на исполнетоста на условите и критериумите за избор на претседател на Управен суд, во состав: м-р Ивица Николовски-претседател на Комисијата, Исамедин Лимани и Павлина Црвенковска-членови на Комисијата

6.Донесе одлука за избор и за разрешување на судии- поротници на Основен суд Берово

7.Ги разгледа и усвои извештаите за работа на судовите во Република Северна Македонија за трет квартал 2025 година

8.Формира Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд

9.Формира Комисија за подготвување на кандидатски листи по оглас за избор на член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од граѓаните во РСМ, во состав: Данка Ристова-претседател на Комисијата, Аритон Ала и Павлина Црвенковска- членови на Комисијата

-За член на Комисијата за спроведување на постапка за именување на извршители го номинира Аритон Ала, заменик претседател на Советот

 Седницата можете да ја гледате на youtube на следните линкови:

https://www.youtube.com/watch?v=-rUQBpm8ezA

https://www.youtube.com/watch?v=4KzSawfe2Q0