Соопштение од 249-та седница на Судски буџетски совет - 27.05.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 249-та седница на Судски буџетски совет - 27.05.2025 година

Соопштенија за јавност  |  27.5.2025

 

СООПШТЕНИЕ

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 249-та седница одржана на ден 27.05.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:

  1. Записник од 246-та седница одржана на ден 21.03.2025 година, Записник од 247-та седница одржана на ден 01.04.2025 година и Записник од 248-та седница одржана на ден 28.04.2025 година;
  2. Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец мај 2025 година во висина од 10% за судските службеници;

Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец мај 2025 година во висина од 10% за судиите и членовите на Судски совет на РСМ;

  1. Одлука за дополнување на Одлуката за одобрување на средства на Врховниот суд на РСМ за обезбедување средства за превентивно, постгаранциско и адаптивно одржување на информатичко комуникациската технологија во судскиот систем на РСМ за 2025 година;
  2. Одлуката за изменување и дополнување на Одлука за годишна распределба на Буџетот на РСМ, за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација, по единки корисници-судовите, за сметка 631, категорија 42-стоки и услуги и категорија 46 –субвенции и транфери за 2025 година;
  3. Одлуката за измена на Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2025 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637;
  4. Разгледа Одговор од Министерство за правда во врска со Барање од Основен граѓански суд Скопје за донесување на Одлука на СБС за износот за надоместок и трошоци на увид на лице место, по што беше усвоен заклучок Судскиот буџетски совет да испрати одговор до Министерството за правда;
  5. Разгледа Извадок од Нацрт- записник од Шеесет и шестата седница на Владата на РСМ одржана на 8 април 2025 година-Информација за спроведување и задолжување согласно склучен договор за набавка и изворен код, одржување и модернизација на информационен систем за управување со човечки ресурси ИСУЧР, по што беше усвоен заклучок СБС да се обрати со дописи до Владата на РСМ и до Министерството за јавна администрација;
  6. Разгледа Барање од Грански независен синдикат на полицијата, по што беше усвоен заклучок СБС да побара дополнителни информации од Гранскиот независен синдикат на полицијата во врска со поднесеното барање;
  7. Под точка Разно:

- разгледа барање на податоци за подготовка на ребаланс од Министерството за финансии, по што членовите на Советот се согласија да се испрати одговор до Министерството за финансии за потребите од дополнителни средства во Судскиот буџет кој се бара да се обезбедат со ребалансот;

- ја разгледа состојбата со доставени пресуди од страна на судовите за кои се побарува исплата од средства од Судскиот буџет, по што членовите на Советот се согласија за истото да се бараат дополнитлени средства со ребалансот;

- разгледа барања од Основен суд Кичево и од Апелациониот суд Скопје, по што членовите на Советот дадоа согласност за измена на решенијата за капитални расходи за ОС Кичево и АС Скопје согласно нивните барања.