СООПШТЕНИЕ од 524-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 04.06.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ од 524-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 04.06.2025 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 524-та седница одржана на ден 04.06.2025 година (среда) со изменет и дополнет дневен ред одлучи за:
1. Го усвои записникот од 521-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 30.04.2025 година
2. Ги разгледа и усвои тримесечните извештаи за работа на судовите за периодот јануари-март 2025 година
3. Расправаше по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите и тоа:
УПП бр.08-150/25, 161/25;
УПП бр.08-153/25;
УПП бр.08-38/25, 80/25, 92/25, 104/25, 116/25, 128/25, 138/25, 160/25;
УПП бр.08-123/25, 134/25, 156/25;
УПП бр.08-7/25, 146/25;
УПП бр.08-118/25, 143/25, 154/25;
УПП бр.08-109/25, 155/25, 166/25;
УПП бр.08-98/25;
УПП бр.08-140/25, 151/25;
УПП бр.08-158/25; и
УПП бр.08-131/25, 141/25, 152/25, 163/25.
Претставките УПП бр.08-9/25, 126/25, 148/25 се повлечени
4. Одлучуваше по барања за надоместок на патни трошоци на судиите кои се времено упатени да ја вршат судиската функција во друг суд
5. За член на Комисија за увид и оцена на судија на Основен суд Охрид избрана е Букурије Ајдини, судија на Апелациониот суд Скопје
6. Ги усвои :
- Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судија во повисок суд по огласот за избор на 6 (шест) судии на Апелациониот суд Штип од кои 3 (тројца) судии за кривична област и 3 (тројца) судии за граѓанска област и избор на 3(тројца) судии на Вишиот управен суд; и
- Извештајот на Комисијата за проверка на навременост на пријавите и комплетноста на документите по огласот за избор на претседател на Основен суд Берово, Делчево и Радовиш
Донесе одлука за објавување на повторен оглас за избор на претседател на Основен суд Берово, Делчево и Радовиш
7. Формира Комисии на известители по барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд
8. Констатира престанок на мандатот на заменик претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија на Ханиф Зендели, член на Советот на ден 08.06.2025 година
За заменик претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија е избран Аритон Ала, член на Советот, сметано од ден 09.06.2025 година
9. Донесе одлука за разрешување на судии- поротници на Основен суд Тетово
10. Го усвои дополнението на Годишниот план за јавни набавки за 2025 година
Снимка од седницата може да погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=o6uzxrHGaPg