Соопштение од 248-та седница на Судски буџетски совет - 28.04.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 248-та седница на Судски буџетски совет - 28.04.2025 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 248-та седница одржана на ден 28.04.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Записник од 243-та седница одржана на ден 11.02.2025 година, Записник од 244-та седница одржана на ден 27.02.2025 година и Записник од 245-та седница одржана на ден 04.03.2025 година;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец март 2025 година во висина од 5% за судските службеници;
Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец март 2025 година во висина од 5% за судиите и членовите на Судски совет на РСМ;
- Одлука за усвојување на Извештај за реализација на судскиот буџет за 2024 година;
- Разгледа Барање за мислење од Уставен суд на РСМ бр.23/25 од 14.03.2025 година во врска со поднесена иницијатива од група судски службеници од Управниот суд, за оценување на уставноста на член 1 став 3 од Законот за судски буџет, по што усвои заклучок СБС со допис да го извести Уставниот суд дека оспорената законска одредба од Законот за судски буџет е во согласност со Уставот на РСМ, односно дека нема пречки буџетот на Академијата за судии и јавни обвинители да биде дел од судскиот буџет;
- Разгледа Барање од Основен граѓански суд Скопје согласно член 123 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“ бр.66/13 и 114/14), СБС да донесе одлука за износот за надоместок и трошоци на увид на лице место, по што усвои заклучок да се достави одговор до Основниот Граѓански суд Скопје дека СБС нема законски основ да донесе ваква одлука и за истото да го извести Министерството за правда со цел измена на Судскиот деловник во овој дел, а прашањето за износот за надоместок и трошоци на увид на лице место да биде решено на друг начин;
- Разгледа барања од единките корисници на судската власт за вработување на лица на определено време во 2025 година, по што донесе заклучок, имајќи предвид дека одговорот од Министерството за финансии во врска со Единствениот план за вработување за судовите за 2025 год дека е негативен, најпрво да се обрати повторно до Министерството за финансии со ревидиран Единствен годишен план за вработување за 2025 година кој ќе ги содржи само вработувањата на неопределено време и унапредувањата со цел добивање на позитивно мислење за Планот, како и да се бара средба со Министерката за финансии заради објаснување на состојбата од недостиг на вработени во судовите и неопходната потреба од вработувања на нови лица.
СБС искажува загриженост за негативното мислење со оглед дека недостатокот на кадар го доведува во прашање нормалното работење на судовите. Остварувањето на судиската функција е тесно поврзано со соодветен тим од стручен соработник, записничар, вработени во приемно одделение, достава на судските писмена, како и други вработени;
- Разгледа барања од единките корисници на судската власт за вработување по пат на преземање на лица од други институции од јавниот сектор, по што даде согласност за преземање и тоа:
- за информатичар и судски полицаец во ОС Куманово,
- за раководител на Одделение за прекршоци во ОС Тетово и
- за сметководител во Судски совет на РСМ
СБС барањата ќе ги достави до Министерството за финансии заради добивање согласност за обезбедени финансиски средства;
- Одлука за формирање работна група за учество во спроведување на постапка за постгаранциско превентивно и адаптивно одржување на серверите и другата ИКТ опрема набавена во рамки на проектот „Групна јавна набавка на сервери и друга ИКТ опрема за непречно функционирање на АКМИС системот“;
- Информација во врска со постапување на Управен суд и Основен кривичен суд Скопје за преземени мерки за намалување на трошоци за судска достава, при што донесе заклучок сите судови да се известат за преземените мерки од Управен суд и Основен кривичен суд Скопје и секој суд да преземе соодветни мерки за намалување на трошоците за судска достава и да го извести СБС за преземените мерки и за ефектот постигнат од истите;
- Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2025 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637 со која се обезбедуваат средства за набавка на тоги за судиите и набавка на униформа за судската полиција;
- Барање мислење од Министерството за правда за нацрт-текстот за Предлог законот за судска служба, по што усвои неколку забелешки кои ќе ги достави до Министерството за правда;
- под Разно разгледа две барања:
- барање од судови за обезбедување средства од ставка 464-Субвенции и трансфери за исплата на правосилни пресуди за судии по основ за исплата на права од работен однос (регрес за годишен одмор, разлика на плата за месец јануари 2024 година, доплата на минат труд и придонеси и сл), по што донесе заклучок се извести Министерството за финансии за потребата да се обезбедат дополнителни средства за оваа намена со ребаланс на буџетот, со цел да се избегнат дополнителни трошоци од буџетот;
- барање мислење од претседателката на ОС Прилеп во врска со забелешка на Државен завод за ревизија, по што донесе заклучок во врска со ова прашање што ќе биде доставено до судот.