Соопштение од 250-та седница на Судски буџетски совет - 24.06.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 250-та седница на Судски буџетски совет - 24.06.2025 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 250-та седница одржана на ден 24.06.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Записник од 249-та седница одржана на ден 27.05.2025 година;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2025 година во висина од 15% за судските службеници;
Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2025 година во висина од 15% за судиите и членовите на Судски совет на РСМ;
- Разгледа Барања од единките корисници на судската власт за вработување на припадници на судска полиција по пат на преземање на лица од други институции од јавниот сектор;
- Под точка Разно:
- разгледа информација во врска со доставени барања од судовите за обезбедување на финансиски средства за вработувања на определено време, по што усвои заклучок ова прашање да биде повторно разгледано откако СБС ќе добие одговор од Министерството за финансии во врска со Единствениот годишен план за вработување за 2025 година и откако ќе биде донесен Ребалансот на Буџетот;
- разгледа барања за обезбедување дополнителни средства за капитални расходи од Управен суд, Апелационен суд Скопје и Основен суд Битола, по што Советот даде согласност да се одобрат бараните средства за АС Скопје и делумно да се одобрат бараните средства за ОС Битола, додека за барањето на Управен во моментот нема слободни средства на буџетската сметка. Во таа насока, Советот даде согласност да се направат решенија за измена на решенија за капитални расходи за АС Скопје и ОС Битола кои ќе бидат внесени во наредната измена на Програмата за капитални расходи од буџет судска власт за 2025 година.