Соопштение за 527-та ИТНА седница на Судски совет на РСМ - 03.09.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 527-та ИТНА седница на Судски совет на РСМ - 03.09.2025 година
Njoftim për opinionin
|
1 Sht 2025
СООПШТЕНИЕ
за 527-та ИТНА седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија на ден 03.09.2025 година (среда) со почеток во 10:00 часот
Судскиот совет на Република Северна Македонија поради итни и неодложни работи на ден 03.09.2025 година (среда) со почеток во 10 часот ќе ја одржи 527- та седница - ИТНА, поради потребата од времено упатување на судија во Основниот суд Струга со оглед да мандатот на делегираниот судија истекува со 07.09.2025 година а закажаните судења за претстојните месеци се за предмети од итна природа.