Соопштение од 253-та седница на Судски буџетски совет - 28.07.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 253-та седница на Судски буџетски совет - 28.07.2025 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 253-та седница одржана на ден 28.07.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Записник од 250-та седница одржана на ден 24.06.2025 година, Записник од 251-та седница одржана на ден 01.07.2025 година и Записник од 252 седница одржана на 08.07.2025 година;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јули 2025 година во висина од 5% за судските службеници;
Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јули 2025 година во висина од 5% за судиите и членовите на Судски совет на РСМ;
- Одлука за усвојување на измена на Годишна програма за капитални расходи од Буџет Судска власт по Ребаланс на Буџетот на РСМ за 2025 година;
Во рамки на точката беше усвоена Одлука за пренамена на средства за раздел 29010-судска власт за обезбедување средства на ставка 485 за Врховен суд на Република Северна Македонија за претплата за набавени лиценции за обезбедена поддршка од страна на производителот на платформата за виртуелизација на Vmware by Broadcom и годишна софтвер претплата, пост гаранциско и тековно одржување на уредот за back up restore на централизираните бази на податоци на судовите;
- Одлука за измена на Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2025 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603/637, по усвоен Ребаланс на Буџетот на РСМ за 2025 година;
- Одлука за измена на Одлука за распределба на средства од Буџетот на судската власт за 2025 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637 бр.02-531/29 од 28.04.2025 година и бр.02-669/25 од 28.05.2025 година;
- Одлука за измена на Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2025 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 631, по усвоен Ребаланс на Буџетот на РСМ за 2025 година;
- Разгледа Барање мислење од Врховен суд на РСМ бр.528/25 од 15.07.2025 година;
- Под точка Разно:
- Судскиот буџетски совет разгледа барања за вработувања по пат на преземање од други институции во Академијата за судии и јавни обвинители (1 извршител) и во Основниот суд Тетово (1 извршител), по што даде согласност за бараните преземања;
- Повторно го разгледа проблемот со недавањето согласности по барањата за вработувања на определено време од страна на Министерството за финансии, а имајќи ја во предвид загрижувачката состојба со функционирањето на судовите поради недостиг на вработувања, членовите на Советот се согласија повторно да се испрати допис со кој ќе се бара обезбедување согласност за вработувања на определено време во судовите до Министерството за финансии.