Средба со претставник на Мисијата на ОБСЕ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Средба со претставник на Мисијата на ОБСЕ




Средба со претставник на Мисијата на ОБСЕ
Претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија м-р Александар Камбовски на ден 08.05.2025 година оствари средба со г. Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На средбата се разговараше за тековните предизвици во правосудниот систем и за можностите за понатамошна поддршка и соработка во насока на зајакнување на финансиската независност на судството, транспарентноста и отчетноста, со посебен осврт на реформските процеси во судството и усогласувањето со европските стандарди.
Двете страни ја истакнаа важноста од континуиран дијалог и партнерство за зголемување на транспарентноста и зајакнување на довербата во Судскиот совет .