Средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој
Соопштенија за јавност
|
21.10.2025
Претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија м-р Александар Камбовски оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. На средбата на која присуствуваше и заменик претседателот на Советот Аритон Ала се разговараше за унапредување на соработката меѓу двете држави во областа на правосудството.
Амбасадорот изрази подготвеност за натамошна соработка, поддршка и помош во процесот на реформи во правосудниот систем.
Судскиот совет се заблагодари за досегашната помош и интересот за натамошно зајакнување на институционалната соработка меѓу двете земји.