СООПШТЕНИЕ од 521-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 30.04.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ од 521-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 30.04.2025 година

Настани, Новости, Соопштенија за јавност  |  30.4.2025

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 521 -та седница на ден 30.04.2025 година го измени и дополни дневниот ред и oдлучи за следното:

 

1. Ги усвои:

-Записникот од 515-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 12.02.2025 година

-Записник отод 518-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 11.03.2025 година

 

2. Го разгледи и усвои Извештајот  од работна посета на Апелационен суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје

 

3. За претседател на Основен суд Кратово избран e Мирослав Георгиевски судија на Основен суд Куманово.

 

4. По огласот за избор на судии на Основен суд Берово, Основен суд Велес, Основен суд Виница, Основен граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје, Основен суд Делчево, Основен суд Кавадарци, Основен суд Кичево, Основен суд Кочани, Основен суд Кратово, Основен суд Крива Паланка, Основен суд Неготино, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица, Основен суд Струга и Основен суд Штип:

За судии на Основен суд Велес избрани се: Сања Велеска и Наташа Андреева

За судија на Основен суд Струга избран е Ндерим Полиси

За судии на Основен граѓански суд Скопје избрани се : Јасна Ушковска, Емилија Борисављевиќ Александровска, Звезда Илијевска, Елена Лукарева, Марко Кржалоски, Софче Китанова Проданов и Маја Грозданоска

За судии на Основен кривичен суд Скопје избрани се : Александра Адеми, Берниса Рахиќ, Ирена Јаниќ, Роберт Митевски, Билјана Тодоровска, Сулејман Сулејмановски, Сибел Сејфединова, Фатос Јусуфи и Фитим Лога

 

5. За судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија и тоа:

за кривична област избрани се: Зоран Димитриевски, судија на Апелационен суд Скопје и Татјана Дуковска, судија на Апелационен суд Скопје; и

за граѓанска област избрана е: Маја Маркова, судија на Апелационен суд Скопје 

 

 6. Одлучуваше по жалбите на предлог ранг-листите на кандидати за избор на 6 (шест) судии на Апелациониот суд Скопје, за граѓанска област и 4 (четири) судии на Апелациониот суд Скопје, за кривична област

 

7. Донесе одлука за објавување на оглас за избор на судија на Основен суд Струга

 

8. Донесе одлука за разрешување и за избор на судии поротници

 

9 .Го усвои Годишниот извештај за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година

 

10. Донесе одлука за престанок на судиска функција на Валентина Петровска, судија на Основен суд Велес, поради смрт

 

11.Формира Комисии на известители по барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд

 

Снимка од седницата може да ја погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=K4acqQX5dsM