СООПШТЕНИЕ од 520-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 17.04.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ од 520-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 17.04.2025 година

Известувања, Настани, Новости  |  17.4.2025

СООПШТЕНИЕ 

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 520-та седница одржана на ден 17.04.2025 година (четврток) по усвоениот дневен ред:

1. Ги усвои :

-Записникот од 516 -та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 26.02.2025 година

-Записникот од 517-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 10.03.2025 година

2. Донесе одлуки по изјавите на судиите со кои им се продолжува вршењето на судиската функција

3. Донесе одлука за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2025 година

4. Донесе одлуки со кои времено се упатуваат судии да работат во друг суд

5. Го усвои извештајот на Комисија за одлучување по приговор за редовно оценување на судиите и претседатели на судови

6. Го усвои извештајот на Комисијата за навременост и комплетност на документите по оглас за избор на претседател на Основен суд Делчево, Основен суд Берово , Основен суд Радовиш и Основен суд Охрид

Донесе одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Делчево, Основен суд Берово и Основен суд Радовиш

Формира Комисија за проверка на исполнетоста на условите и критериумите за избор на претседател на суд по огласот за избор на претседател на Основен суд Делчево, Основен суд Берово и Основен суд Радовиш

7. Донесе одлуки за избор и за разрешување на судии -поротници

8. Расправаше по известување за утврдена фактичка состојба по барање за утврдување на одговорност на судија и одлучи постапката да продолжи

9.Формира Комисии на известители по барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд

10. Донесе одлука за утврдување на слободни судиски места во основните судови

Седницата може да ја погледнете на следниот линк на youtube: https://www.youtube.com/watch?v=UTUU2VUCOZk